четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од Дебар Маало утре ќе остане без вода

Дел од Дебар Маало утре ќе остане без вода

Без вода утре од 9 часот ќе бидат корисниците од раскрсницата „Орце Николов“, на потегот од улиците „Ѓорѓи Пулевски“ до „Костурски Херои“, дел од улиците „Дане Крапчев“ и „Дебарца“, како и цела „Славка Недиќ“ во скопско Дебар Маало.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека причината за прекинот е промена на водоводен затворач Ф80 милиметри на раскрсницата на „Орце Николов“ со „Дане Крапчев“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работите.