Дел од корисниците од улиците „ Козара“, „Бел камен“ и „Шарски одреди“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улица „Козара бб“ во Капиштец.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со работата.