вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од општина Центар во понеделник ќе остане без вода

Дел од општина Центар во понеделник ќе остане без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 29.08.2022 година (понеделник) поради реконструкција на водоводна мрежа од ф-80 мм на ул. „Мирче Ацев“ бб (во близина на ООУ 11 Октомври), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Оваа улица е на територија на општина Центар.