петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од општина Кисела Вода утре ќе остане без вода

Дел од општина Кисела Вода утре ќе остане без вода

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-150 мм на Белградска /Димче Мирчев  (во кругот на МВР), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците дел од неколку улици.

Без вода ќе останат „Димче Мирчев“ , „50- та Дивизија“ и „Црниче“ во општина Кисела Вода.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот до завршување со активностите.