сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од „Рузвелтова“ и „Партизанска“ утре без вода

Дел од „Рузвелтова“ и „Партизанска“ утре без вода

Поради изведување на водоводен прикличок ф-100 мм на улица „Франклин Рузвелт“ 18, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булеварот „Партизански Одреди“.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, па до завршување со работните активности.