вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од Шуто Оризари и Гази Баба без вода

Дел од Шуто Оризари и Гази Баба без вода

Без вода денеска од 8:50 часот се дел од корисниците од улиците „Гвадалахара“ и „Јуриј Розентал“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Гвадалахара“ 5.

Поради санирање уличен дефект на улица „Благоја Стевковски“ 4/33 денеска од 9:00 часот прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од оваа улица.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектите.