недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од Скопје утре ќе остане без вода

Дел од Скопје утре ќе остане без вода

Поради дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „1 Долно Лисиче“ бб. утре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населено место Долно Лисиче.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување се до завршување на интервенцијата.

Поради изведување, пак, на водоводен приклучок од 80 милиметри на улицата „Владимир Назор“ бр.8 во населбата Водно утре од 11:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица и од дел од улицата  „Кумровец“. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.