сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од Тафталиџе без вода

Дел од Тафталиџе без вода

Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Мексичка“, „Хаванска“, „Виенска“ и „Ташкентска“ во населбата Тафталиџе, Општина Карпош.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100мм на ул. „Варшавска“ бр.1.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.