четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делегација од збратимениот град Истанбул во работна посета на Град Скопје

Делегација од збратимениот град Истанбул во работна посета на Град Скопје

Делегација од збратимениот град Истанбул, Турција, која е во дводневна работна посета на Скопје, денеска оствари средба со секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски и претставници од секторите во Градот Скопје.

На средбата се дискутираше за работата на Градот Скопје и на институциите што се во негова надлежност, како и за најактуелните планови и проекти за подобрување на сообраќајните врски, енергетската ефикасност и дигитализацијата на градот.

На состанокот се разговараше и за можноста за подобрување на соработката меѓу двата градови и нивните институции, преку размена на искуства за подобрување на услугите за граѓаните, можноста за заедничко учество во меѓународни проекти, потребни проекти за подобро извршување на активностите на јавните претпријатија, но и продлабочување на соработката помеѓу градот Истанбул и Градот Скопје.

Во нашиот град два дена ќе престојуваат Мехмет Тунџер и Јилмаз Демирел, членови на Градското собрание на Истанбул, Али Тој, заменик-директор на Одделот за услуги и поддршка на Град Истанбул, Јасин Џемал Галата и Зафер Сумер од Секторот за надворешни односи на Град Истанбул, Енсар Јаша, Генерален директор на ИЕТТ (Istanbul Electricity, Tramway and Tunnel Management) и ќе посетат повеќе јавни претпријатија и градски институции со цел подобро да се запознаат со нивната работа, активностите, начинот на функционирање и секојдневните предизвици со кои се соочуваат.

Посетата на делегацијата на Истанбул на Градот Скопје е на иницијатива на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и се реализира во рамките на активностите на Мрежата на градови од Балканот – Б40 (B40 Balkan cities network).