петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Карпош денес без вода

Делови од Карпош денес без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот 8 Септември, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат жителите од улиците Дрезденска и Анкарска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул. 8 Септември/ бул. Партизански одреди.

Корисниците ќе бидат без вода до завршување со санација на дефектот.