четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дрвјата биле бетонирани “по грешка“, Шилегов го координирал нивното ослободување

Дрвјата биле бетонирани “по грешка“, Шилегов го координирал нивното ослободување

Откако граѓаните и невладините организации забележаа дека се бетонирани неколку дрвја на кеј „13 Ноември“, екипите на Град Скопје веднаш ги ослободија дрвјата.

-Дрвјата биле бетонирани по грешка на изведувачот, а за ситуацијата веднаш реагираше и градоначалникот Шилегов кој вчера беше присутен на терен и ја координираше работата на службите што беа задолжени за експресната интервенција при ослободувањето на дрвјата. Со ослободувањето, сите дрвја на кејот сега се целосно заштитени и нема да имаат последици при нивното растење и развивање. Град Скопје искажува благодарност до граѓаните и невладините организации за алармантноста при грешката на изведувачот, што овозможи и брза реакција на градските служби во оваа ситуација. По налог на градоначалникот Шилегов, од страна на градскиот инспекторат беше направен и записник според кој изведувачот ќе биде казнет, информираат од Град Скопје.