Среде плоштад наместо фонтана отворен кратер. И по две недели откако пропадна возилото на јавното претпријатије Комунална Хигиена во подната фонтана, штетата не е санирана. Отворот во фонтаната е заштитен само со неколку полуискинати ленти што само ја зголемува опасноста за минувачите, објавува Сител.
Кога ќе биде поправена дупката и колку ќе чини санацијата засега нема информации. Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека пандемијата влијае директно и на поправката.
Од град Скопје велат дека додека да се поправи фонтаната , деновиве привремено ќе го уределе просторот на плоштадот.
Инаку не е прв пат возило да пропадне во подната фонтана на градскиот плоштад. Пред речиси 4 години пропадна камион додека се подготвуваше бина. Вината беше лоцирана кај возачот на камионот.