Силното невреме кое попладнево беснее во Скопје направи и материјална штета.
Силниот ветер носеше се пред себе. Дрво е паднато во наслебата Капиштец врз автомобил.
Невремето го зафати и Чаир, голем дел од улиците се под вода. Според информациите на Скопјеинфо од терен дел од улиците се затворени и недостапни за сообраќај.
Слична е состојбата и во останати делови од Скопје, Илинденска е под вода, а сообраќајот се одвива отежнато. Засега е непознато за штетите, но се очекуваат повеќе информации од надлежните институции во следните часови.
Претходно објавивме дека УХМР предупредува на вакво нестабилно време проследено со дожд и ветер до крајот на денот.