недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Јакимовски свечено пушти во употреба џамија во Карпош

ФОТО: Јакимовски свечено пушти во употреба џамија во Карпош

Изет Меџити, пратеник од редовите на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир, на својот Фејсбук профил објави информација за свеченото отворање на новата џамија во скопско Нерези.

На свеченото отворање, покрај градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети, присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На настанот присуствувале и високи лица од Исламската верска заедница, како и претставници на црквата Свети Пантелејмон.

-Ја поздравувам конструктивноста што во овој процес ја покажа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски.
За високата меѓуверска толеранција и соживот меѓу заедниците во нашиот град сведочи и присуството на претставници на црквата Свети Пантелејмон, меѓудругото, напиша Меџити на Фејсбук.