недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Сообраќајна несреќа со автомобил и мотор во Аеродром – тројца повредени, МВР со детали за КУРИР

ФОТО: Сообраќајна несреќа со автомобил и мотор во Аеродром – тројца повредени, МВР со детали за КУРИР

Сообраќајна несреќа се случи пред околу еден час во скопски Аеродром, дознава КУРИР.

Според информациите добиени од МВР автомобил „Фиат“ и мотор се судриле на крстосницата помеѓу булеварите Србија и Трета македонска бригада.

Од полицијата информираат дека има тројца повредени лица, еден од нив е возачот на автомобилот, а двајца се од моторот.

Двајца од повредените се пренесени во старата градска болница „Наум Охридски“, а еден од повредените е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Сообраќајната несреќа е пријавена во 13:30 часот, а увидот е во тек, информираат за КУРИР од Министерството за внатрешни работи.