Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Илинден, Александар Георгиевски, денес беше во посета на населените места Ајватовци и Бунарџик од каде испрати порака што ќе направи доколку ја добие довербата од граѓаните.
Посети на населените места Ајватовци и Бунарџик каде на моите сограѓани им ги презентирав проектите од изборната програма. Во наредните 4 години во овие населени места ќе посветиме големо внимание со цел подобрување на условите за живот на нашите сограѓани. На моите сограѓани од Ајватовци и Бунарџик им ветувам посветена работа цел мандат, а не само неколку месеци пред избори. СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА! ПРОМЕНИ – ПРОЕКТИ – ПОБЕДИ! Напиша на Фејсбук, Георгиевски.