петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Град Скопје инвестира во изградба на нови улици во населбата Усје во општина Кисела Вода

Град Скопје инвестира во изградба на нови улици во населбата Усје во општина Кисела Вода
илустрација

Советот на Град Скопје на денешната 16-та седница ја донесе Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода за асфалтирање на улици во населба Усје, Општина Кисела Вода. Проектот за изградба на нова улична мрежа и обнова на патна инфраструктура во населбата Усје во општина Кисела Вода го најави градоначалничката Арсовска на недоамнешната прес-конференција.

– Град Скопје по успешната реализација на проектот за изградба на повеќе од 20-тина улици во општината Ѓорче Петров кои на барање на граѓаните за прв пат се асфалтираат, продолжува со проект за граѓаните во населбата Усје во Кисела Вода. Со цел да нема заборавени населби, односно на сите граѓани да им обезбедиме соодветни услови за живот, активно работиме да овозможиме рамномерен развој и во урбаниот и во руралниот дел на Скопје. – истакна Арсовска.

Со реализацијата на овој проект, 20-тина улици со вкупна површина од околу 3200 квадратни метри во населбата Усје, кои досега не биле асфалтирани, односно, за првпат ќе се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат нови улици и услови какви што заслужуваат.