Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска зеде учество на настанот „Предизвици на жените во изборните процеси“, што го организираше Македонското женско лоби, како дел од проектот „Патоказ за учество и промоција на жените во изборните процеси“.
– Во општеството мора да постои систем на поддршка за сите жени кои се предмет на напад, да се цени квалитетот, да постои меритократија како критериум наместо политичка припадност. Доколку жените се дозволи да бидат напаѓани, да нема осуда и одговорност за таквите постапки, нема да се постигнат целите кон кои сите се стремиме и жените се поретко ќе се охрабруваат да учествуваат во изборните процеси.– образложи градоначалничката Арсовска, на трибината.