Денеска со низа различни активности низ училиштата во Аеродром беше одбележан Светскиот ден на лицата ретки болести. Со свој придонес во неговото одбележување се вклучија градоначалникот Тимчо Муцунски и кошаркарите од МЗТ Скопје кои заедно со дечињата од училиштата „Димитар Македонски“ и „Гоце Делчев“ со обоените дланки испратија јасна порака дека даваат поддршка за лицата кои живеат со ретките болести во Македонија.
Градоначалникот Муцунски заедно со дечињата ја обои својата рака со зелена боја, при што потенцираше дека целта на денешниот ден е го подобри знаењето кај јавноста за ретките болести, истовремено охрабрувајќи ги истражувачите и носителите на одлуки да одговорат на потребите на оние кои живеат со ретки болести.
„Секој живот е подеднакво важен, а сите заедно можеме да направиме значајни промени во општеството. Токму поради ова, јас и општината Аеродром во следниот период остануваме отворени и подготвени за поддршка на лицата кои живеат со ретки болести и организациите кои делуваат во оваа област“, истакна Муцунски по завршувањето на настанот.