Револтот кај граѓаните беше разбуден од фотографиите кои вчера осамнаа на социјалните мрежи од раскопана Стара скопска чаршија.
Ова место кое е срцето на градот, симбол за вековна традиција, стана жртва на Град Скопје и општина Чаир, односно на одлуките на градоначалниците Петре Шилегов и Висар Ганиу.
Уништувањето на чаршијата се случи подмолно, за време на полициски час, додека скопјани мораат да седат затворени, дома.
Вонредната состојба и полицискиот час прогласени поради епидемијата од коронавирус, некому многу добро му дојдоа.
Ова се само мал дел од коментарите кои граѓаните ги пишуваат на социјалните мрежи: