петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

И покрај апелите од граѓаните, лифтовите во најфрекфентната катна гаража во центарот на Скопје не се во функција (ФОТО)

И покрај апелите од граѓаните, лифтовите во најфрекфентната катна гаража во центарот на Скопје не се во функција (ФОТО)

И после апелите од граѓаните од пред 1 месец, лифтовите во најфрекфентната катна гаража во центарот на градот, Тодор Александров не се во функција.

Тие што ги оставиле колите на повисоките катови биле приморани да се качуваат по скалите.

Голем број на граѓани имаат и закупено паркинг места поради тоа што работат во близина на гаражата, па се приморани секојдневно да ги користат скалите.

Граѓаните со посебни потреби исто така се жалат- не можат да ја користат гаражата бидејќи нема како да се симнат од погорните спратови на гаражата.

Со гаражите стопанисува јавното претпријатие Градски паркинг. Нивната реакција засега се сведува само на лепењето на известувањето по лифтовите – „лифтот е надвор од функција“.

За градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, клучно е применување на две катни гаражи во центарот на градот, но не и нивното одржување како што читателите можат да забележат.

Граѓаните му порачаа на градоначалникот наместо да ги преименува, да ги одржува истите.