ЈП Лајка апелира за итно вдомување на кучето Брус.
-Се вдомува БРУС. Пријавен за каснување.Два пати ставен под надзор оваа година.
Согласно закон, ако не се вдоми, не смее да се врати на локација и следува еутаназија.Согласно нашите проценки Брус е мирно и питомо куче. Има околу 7 години и е толерантен кон други кучиња. ПОЛОЖЕН ТЕСТ ЗА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА од овластено лице од Агенцијата за храна и ветерина, со што е подобен за вдомување. Има уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода.Го добивате со пасош, кастриран, прочистен од внатрешни и надворешни паразити, чипиран, вакциниран против беснило и заразни болести, избањат и со стекнати хигиенски навики.Вдомувањето е бесплатно.Вдоми куче, вдоми љубов!За подетални информации и прашалник за вдомување можете да ни пишете на [email protected] , велат од Лајка.