сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Изгаснат пожарот во Мичурин

Изгаснат пожарот во Мичурин
ФОТО: МИА

Пожарот кој попладнево избувна во станбен објект во Мичурин е изгаснат по интервенцијата на екипите од Противпожарната единица на Град Скопје.

Според информациите од Противпожарната единица, нанесена е материјална штета но нема починати или повредени во текот пожарот.

Противпожарната единица интервенираше со четири возила и 12 пожарникари за гасење на пожарот. (МИА)