Во рамки на Проектот за изградба на фекална канализација во општина Илинден се продолжи со активностите за изготвување на проектна документација за делови од населените места кои не беа опфатени со техничка документација за изградба на фекална канализација.
За таа цел денес се изврши презентација на техничката документација за изградба на фекална канализација за дел од н. Илинден, поточно месноста викана Плац на влезот во општина Илинден.
Презентацијата беше извршена од страна на овластени проектанти кои пред градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од општинската администрација и ЈКП ,,Водовод”- Илинден.
Градоначалникот Георгиевски детално се запозна со должината на колекторскиот систем кој изнесува 4200 метри со кои ќе бидат опфатени повеќе од 400 домаќинства кои ќе бидат поврзани во колекторскиот систем за одведување на отпадни фекални води за населените места Илинден и Марино.
Со изготвувањето на документацијата се создадени услови за распишување на набавка за избор на изведувач и надзорен орган на градежните работи на терен.
Со овој проект целосно ќе бидат зафатени отпадните води кои се вливаат во главниот одводен канал кој минува центарлно низ населените места Илинден и Марино.