вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ЈП Лајка заглавена до долгови – на кого се се исплаќале хонорари и по кој основ прашува Антикорупциска комисија

ЈП Лајка заглавена до долгови – на кого се се исплаќале хонорари и по кој основ прашува Антикорупциска комисија

Државната комисија за спречување корупција се сомнева во работењето на ЈП Лајка и исплатите кон надворешни лица. Затоа, ќе се испитува работата на Лајка и исплатите што довело до зголемување на долговите во ова јавно претпријатие. Државната комисија за спречување корупција, побара од Град Скопје да изврши внатрешна ревизија на ЈП Лајка со посебен акцент на ангажирање надворешни соработници и исплати на две лица, стои во барањето испратено од ДКСК до Град Скопје, а кое пристигна и во нашата редакција. Барањето за ревизија, коешто е според член 76 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, ги издвојува исплатите за надворешните лица, од кои едната е преку Ветеринарен факултет, а другата исплата преку Агенција за храна и ветеринарство.

Побаравме став од град Скопје, од каде не информираа дека ќе одговорат на барањето на ДКСК во законскиот рок и дека од утре започнува вонредна ревизија во ЈП Лајка за да може да се одговори на рокот побаран за Државната комисија за спречување корупција.

Од наши извори дознаваме и дека во ЈП Лајка од самото основање воопшто не е направена ни една ревизија. Ова јавно претпријатие речиси четири години работи без никој да има увид во неговата работа. Пред неколку дена на предлог на здруженијата за заштита на животните за в.д. директор на ЈП Лајка беше поставен Војислав Димитровски.