Додека цела влада и градот Скопје годишно издвојуваат 1.5 милион евра за борба против загадувањето на воздухот, а само градот Скопје ќе издвојува 4 милиони евра за вработување на 700 партиски војници. Значи 4 милиони евра од градската каса ќе се издвојат за плати на 700 партиски војници кои ќе се запослат во две градски претпријатија , а цела власт издвојува само 1.5 милиони евра против загадениот воздух во цела држава, изјави Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје која додаде:
„Кога станува збор за удовство и за партиско вработување Шилегов се покажа и дека не жали средства. А кога се разболуваат и умираат луѓе поради енормното загадување во државата се носат површни и паушални краткорочни мерки. Видлива изборна манипулација и вистински фалсификат е обидот да бидат вработени 700 партиски војници во изборна година. Овие пари наместо за корумпирање на гласови нека се насочат кон нови мерки против загадениот воздух.“
Колариќ вели дека само по најмали врнежи од снег Скопје изгледа како Сибир, а улиците како да паѓало снег со години, и при најмал дожд се поплавуваат сите сообраќајници, а комуналната хигиена е на најниско можно ниво за кое што не памтат граѓаните на градот.
„Шилегов пред да дојде на власт кажуваше дека градската администрација и јавните претпријатија се преполни. Истото го кажува и во оваа година и пол. Ветуваше дека нема да има партиски вработувања. Но, за оваа една година и 4 месеци не запира со преполнување на администрацијата.
ВМРО ДПМНЕ, предлага парите предвидени за неефикасно и вештачко полнење на јавна администрација да се пренасочат веднаш кон нови мерки, мерки кои што загадувањето ќе се доведе до прифатливо ниво кое што нема да доведе до заболување и умирање кај луѓето. За сметка на ова ќе има и поздрави и посреќни деца во Градот Скопје.“
-Доколку сака Шилегов може да го стори ова, затоа што и тој постојано вели ова е план и истиот не значи дека ќе се реализира. Го замолувам Петре Шилегов да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на оние кои го гласаа за градоначалник, во спротивно нека замине навреме, потенцираше Светлана Колариќ.