ИНАЕТ, НЕСПОСОБНОСТ ИЛИ НЕЗНАЕЊЕ?-прашуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Нивниот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:
Во нашево општество подолго време се зборува за потребата од побрзо, поенергично создавање на услови за користење на природниот гас во Македонија. Со сите основни придобивки кои се остваруваат со неговото користење, од кои некои се и следниве:
Поевтин во споредба со течните горива (особено во однос на лесното масло за горење т.н. “нафта“ или Д2 гориво);
во однос на заштитата на животната средина
Растоварување на електричната преносна и дистрибутивна мрежа;
Чувстително смалување на локалното загадување во населените места со канцерогени издувни гасови, кои се создаваат при согорување на дрвото, особено ако дрвото за огрев е со зголемена содржина на влага;
Пред три години изработени се ГЛАВНИ ПРОЕКТИ за реконструкција на котларниците во три средни училишта во Скопје за да се премине да се користи природен гас како енергент за греење. Приклучокот кон распределителната гасна мрежа во Скопје е на минимална оддалеченост од училиштата.А постои потврден доказ колку се смалуваат трошоците за греење во веќе реконструираните училишта. Со пренамената од течно на гасно гориво, за две или три години, СЕ ВРАЌА ИНВЕСТИЦИЈАТА и после тоа има само финансиски придобивки, секако и намалено локално загадување на околината.
Која е причината што не се реализирани овие проекти?
Претпоставуваме дека недостасува ЖЕЛБА или ЗНАЕЊЕ, за градоначалникот Шилегов да даде задача овие проекти да се реализираат.
Наместо реализација на готовите проекти, тој преку Советот на Град Скопје во јуни 2018 година формира НОВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ “Градски енергетски системи“ АД Скопје за дистрибуција на топлинска енергија и природен гас. Со значителни средства (оснивачки влог 250,000 евра) за вработување на 20 до 30 службеници, со високи месечни финансиски трошоци (Советот на Град Скопје издвои дополнителни, значителни повисоки финансиски средства за покривање на трошоците), без никакви конкретни резултати. До денес ова ЈП (освен медиумската пропаганда) ниту ја превзеде топлификација од БЕГ, ниту реализираше приклучок кон гасната мрежа на некој објект.
Спротивно на најавата на Владата за намалување на бројот на административни службеници, преку нивно префрлање во производни приватни компании (како ли го замислуваат ова??!), градоначалникот Шилегов создаде и пополнува нови административни работни места.
Во исто време, се подготвува тендер за јавно приватно партнерство во делот на проектирање, изградба и опслужување на дистрибутивна мрежа за природен гас на ниво на Македонија, преку Владата и Министерството за економија.
Видлива е неусогласеност меѓу локалната и централната власт во постапките од суштинска важност за развојот на гасификациската мрежа на ниво на Македонија, а со тоа и на целиот енергетски сектор.
И покрај тоа што се знае и декларативно се поддржува ставот дека енергетиката е “локомотива на развојот“ на едно општество и дека без стабилна енергетска база нема индустриски развој и напредок, заклучок е дека на оваа влада секторот енергетика не е на листата на приоритети.