Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг граѓаните во општина Ѓорче Петров, нарекувајќи го сегашниот градоначалник Александар Наумоски кмет, рече дека е единствен градоначалник кој во семејната куќа си направил плочник од дури пола милион евра.
-Вториов пак овој кметот на Ѓорче, е познат по тоа што го има најскапиот двор во Европа. Во околината на семејната куќа си направи плочник од половина милион евра, и тоа нормално на кредит, а жителите на Ѓорче Петров ќе мора да плаќаат за неговиот двор. Познат е и по тоа што ископа дупка за да гради базен, а на нероден Петко, почна капа да му крои, па вети дека ќе формира пливачки клуб, кај да е и пливачки капчиња ќе дели, ама базенот остана само празна дупка. Под базенот има скривница од училиштето и таму вода протекува. Ете толку се работници. Но еве една порака, не ја трупајте скривницата, ќе ви се најде, бидејќи од срамот до каде ја донесовте општината само таму ќе ве собере, вели Мицкоски.