Општина Аеродром ќе издаде зелена општинска обврзница, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својата официјална Фејсбук страница.
– Пари за нови проекти. Нови училишта, нови градинки, енергетски ефикасни. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да иновира и да поставува нови стандарди. За прв пат во Македонија зелена, еколошка обврзница. Браво за Тимчо Муцунски и тимот од општина Аеродром. Има надеж, потребна е промена за Македонија да почне да победува, додава тој во својата објава.