Ја добив програмата на нивниот кандидат еден мал Зоран, Душко се вика, за градоначалник овде на Карпош, ама и програмата е малецка, само три листа толку е програмата. Но, пак ја добив и програмата и на Петре, исто за град Скопје таа е исто така помала, уште еден помал Зоран таа е некаде седум страни толку од прилика е. Воведната е нормално обраќање на водачот на хибридниот режим, Зоран Заев, па потоа неговиот слуга, Петре Шилегов, три страни таксативно наведени неколку зборови, неколку реченици и на крај советничката листа. Тоа е програмата со која што излегуваат на овие избори. И пред карпошани и пред скопјани, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Карпош.
Мицкоски додаде дека тој да бил на нивно место би се сокрил од срам и не би излегол во очи да ги погледне граѓаните.
– Заев е трговец и сака вие да заборавите дека тој е на власт. И ништо буквално нема направено за вас. Ништо од тоа што вети не исполни. Затоа тој така вреска на митинзи и прави гафови, затоа се бори со замислени противници, си создава теми во кои и тој самите не верува. Се пари, се топори, мисли дека некој ќе му верува дека некој ќе се исплаши, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ветија рекреативен центар за пензионери и пензионерски домови, знаете после 4 години како заврши случајот за тие домови, на суд. Затоа што тоа беше една обична измама и криминал. Ветија ревидирање на детални урбанистички планови, а после четири години планови како печурки никнуваат нови згради во Карпош. Ветија еко паркинзи и тие ги нема. Се што ветија не изградија.