Задоволство е секогаш да се присуствува на вакви настани кога се завршуваат проектите кои се ветувани. Ова е посебно значаен проект во општина Петровец и за најмладите, односно учениците во ова основно училиште бидејќи на тој начин се подобрува безбедноста практично, се гарантира безбедноста на самите ученици , а и на самите жители во ова населено место овозможува еден вид рекреирање, тоа што не можеа претходно да го прават и на тој начин да бидат безбедни додека тоа го прават, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска беше во посета на општина Петровец.
-Така што самиот градоначалник кажа дека општина Петровец продолжува со реализација на проектите овде кои што се ветени во кампањата на локалните избори во 2021 година, на еден таков проект присуствувате есента кога почнуваше да се гради, тоа е новата општинска зграда, а оваа пролет и самиот градоначалник Борче кажа дека ќе биде истиот тој објект пуштен во употреба, како и многу други проекти овде во општина Петровец, рече Мицкоски и додаде:
„Ја користам оваа прилика да му честитам на Борче, да честитам на тимот, на советниците, на администрацијата што со години успешно ја реализираат програмата и што со години успешно ги реализираат ветените проекти.
Нескриено е задоволството на жителите на општина Петровец, а впрочем тоа го кажуваат и на секои локални избори изминатите неколку изборни циклуси. Така што уште еднаш честитки за градоначалникот Борче и честитки за тимот и советниците овде во општина Петровец“.