Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски утрово на својата фејсбук страна објави фотографија направена во спортскиот центар „Јане Сандански“ на подготовка на вечерашниот концертот на дуото Некст Тајм.
-Ние немаме потреба од полиција и обезбедување. Вечерва во 20 часот ќе слушаме македонска музика, ќе зборуваме за патриотизам и ќе ги промовираме нашите традиционални песни и вредности, напиша Муцунски на фејсбук и најави дека денес со својот син Иан ќе ги присуствува на концертот.
Дел од фановите објавата ја поврзуваат и со денешниот настан на владејачката партија СДСМ за која медиумите објавуваат фотографии од засилено полициско обезбедување.