понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Ние немаме потреба од полиција и обезбедување, вечерва ќе слушаме македонска музика

Муцунски: Ние немаме потреба од полиција и обезбедување, вечерва ќе слушаме македонска музика

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски утрово на својата фејсбук страна објави фотографија направена во спортскиот центар „Јане Сандански“ на подготовка на вечерашниот концертот на дуото Некст Тајм.

-Ние немаме потреба од полиција и обезбедување. Вечерва во 20 часот ќе слушаме македонска музика, ќе зборуваме за патриотизам и ќе ги промовираме нашите традиционални песни и вредности, напиша Муцунски на фејсбук и најави дека денес со својот син Иан ќе ги присуствува на концертот.

Дел од фановите објавата ја поврзуваат и со денешниот настан на владејачката партија СДСМ за која медиумите објавуваат фотографии од засилено полициско обезбедување.