Заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов извршивме увид во градежните активности за изградбата на велосипедска и пешачка патека на булевар Србија, како и на продолжувањето на пешачката патека на булевар Видое Смилевски – Бато, истакна денес градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
„Ново Лисиче добива велосипедска и пешачка патека по должина на булеварот „Србија“ со вкупна површина од 3.400 м2. Со ова конечно ќе се уреди овој потег што досега беше ризичен за пешаците и велосипедистите.
Градежните активности на патеките се одвива според предвидената динамика и планирано е нивно завршување во предвидениот рок.
Патеката покрај булеварот „Србија“ е дел од планираните велопатеки на различни локации низ општината, со што значително ќе се подобри инфраструктурата, а со тоа ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите и сите други учесници во сообраќајот“ – истакна тој.