вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Аеродромци ги добиваат најдобрите игралишта во Македонија, започнуваме нова инвестиција на површина од 1600 метри квадратни

Муцунски: Аеродромци ги добиваат најдобрите игралишта во Македонија, започнуваме нова инвестиција на површина од 1600 метри квадратни

Општина Аеродром во следните денови започнува со реализација на инвестиција во нови спортски и детски игралишта со вкупна површина од 1600 метри квадратни на локацијата позната како „Патрик“ во непосредна близина на „Три Бисери“. Станува збор за проект кој се реализира со поддршка од општествено одговорна компанија и каде општината учествува со свои средства.

„Продолжуваме да инвестираме во спортската инфраструктура. На локацијата познат како „Патрик“ и во непосредна близина на „Три Бисери“, Аеродром ќе добие целосно ново мултифункционално игралиште за фудбал и ракомет на површина од 800 метри квадратни метри, кошаркарско игралиште на површина од 400 метри квадратни и инклузивно детско катче на површина од 400 метри квадратни“, истакна градоначалникот Муцунски во видеото објавено на неговата фејсбук страна.

Со новите детски и спортски игралишта и завршувањето на овој проект аеродромци ги добиваат најдобрите и најмодерни спортски терени, а Аеродром станува општина која ги поддржува спортските таленти во остварување на нови успеси.