сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Неколку улици во Центар утре ќе останат без вода

Неколку улици во Центар утре ќе останат без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:

На ден 16.02.2022 година (среда), поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на Тетовска 33, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Тетовска“, „Стив Наумов“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Јосиф Јосифовски Свештарот“ како и објектите  на  амбулантата и полициската станица, во општина Центар.

Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на „Мирче Мацан“ бб,  од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и потегот од ул. „Светозар Марковиќ’ до Кеј 13-ти Ноември ( Дрво Декор) во општина Центар.