Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека Петре Шилегов и Градот Скопје демонстрираат неспособност и неработа, Градот Скопје останува затрупан во голем број на нерешени проблеми и потреби.
-Од денешната седница на советот на град Скопје може да се заклучи од извештајот за извршување на буџетот исклучително низок степен на реализација на капитални инвестиции. Тоа е потврда дека градот Скопје и Шилегов не работат. За 6 месеци буџетот е е осдтварен само 36% што е далеку од 50%, додека остварените расходи се помали и изнесуваат 6
30 осто, a капиѕалните инцестиции само 16 осто, изјави советничкат на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ.
Таа кажа дека од структурата на буџетот може да се види дека иако најавуваше нема ништо од новиот луна парк, има нула денари и за езерото треска за кое ветуваше дека ќе се ревитализира.
-Локалниот економски развој е целосно запоставн. Од планирани 36 милиони денари, потрошени се само 2.9 милиони денари или помалку од 10 осто од предвидените работи.
Во секторот за комунални работи има реализација на буџет од само 25 осто и нула денари за: пошумување, нови клупи, корпи за отпадоци и реконструкција на стационарот вардариште. Има целосно потфрлање на секторот за заштита на животната средина. Од 122 милиони денари реализирани се само 6 милиони или само 5 осто. Тоа значи дека Шилегов 5 пари не дава за почиста животна средина, иако тоа беше негово големо ветување дека имаат некаков план програма и кокурентни идеи. Немаат ниту еден нов проект од оваа област.
Ниту Шилего ќе донесе почист воздух, ниту ќе ја заштити животната средина. Истовремено, зад плаштот вработување на пожарникари, нешто што заедничко го поддржуваме, се планираат и неколку десетици нови вработувања, веројатно на партиски кадри, иако Шилегов обвинува дека имало превработеност, што само ги покажува двојните стандарди на работа, изјави Колариќ
Колариќ потенцираше дека неработата и неспособноста стануваат второ име за Шилегов, тоа го покажуваат и бројките од кој се гледа дека градот тоне во безидејност и немање на коцнепт за развој.