недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Незаконски ловеле риби во Вардар со “швркачи“ – следуваат казни (ФОТО)

Незаконски ловеле риби во Вардар со “швркачи“ – следуваат казни (ФОТО)
илустрација

Сабајлево по дојава за “швркачи” во центар на Вардар, извршивме контрола и ги идентификувавме оние кои на незаконски начин со швркање ловат риба на Вардар, информираат од “Рибар 2011“.

„Акцијата беше извршена со асистенција на полицијата за полесно идентификување на криволовците. Истите ќе добијат соодветни пријави.

Инаку, за информација на заинтересираните риболовци, ниту еден риболовец не ловеше со трокука.

Апелираме да се риболови на спортски начин, не со швркање, сите што ќе бидат забележани ќе бидат казнети“ – порачуваат тие.