Градот Скопје од пред еден месец воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно која ќе важи секој викенд и за време на државните празници, и тоа во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.
Мерката со која се фалеше градоначалникот Петре Шилегов очигледно се спроведува селективно или воопшто не се спроведува.
И денес, како и претходни викенди и празници, на Средно Водно “вриеше“ од автомобили.