сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Њу Старс” го освои Купот на Македонија за пионери, градоначалникот Стојкоски со честитка и поддршка

„Њу Старс” го освои Купот на Македонија за пионери, градоначалникот Стојкоски со честитка и поддршка

Честитки за фудбалскиот клуб „Њу Старс” – генерација 2006/2007 година за освоениот Куп на Македонија за пионери, упати денес градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

„На денешната средба со екипата лично им честитав на момците од клубот и повторно истакнав дека имаат спортски пријател во Општина Ѓорче Петров.

Задоволство ми е што младите ѓорчепетровци се одлучуваат за спорт како идна професија. Тие се наша гордост и заеднички го чуваме синонимот за спортско Ѓорче.

Дечки, продолжете и натаму со спортските успеси“ – порача тој.