Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 274 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 25 за возење без возачка дозвола, 27 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 за управување под дејство на алкохол.
Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, осум за некористење сигурносен појас, четири за недавање првенство на минување на пешаци, четири за возач почетник, 21 санкција за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.