Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека на ден 20.12.2019 год. (петок), заради санација на изгорена мерна ќелија во трафостаницата лоцирана во пумпената станица Припор, истата заради прекин на електрична енергија и технички зафат на ЕВН нема да работи од 08:00 до 17:00 часот.
Во истото времетаење прекин во водоснабдувањето ќе има во населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона), дел од нас. Кисела Вода, Припор, Ракотинци, Сопиште и Добри Дол. (Општини Аеродром, Кисела Вода и Сопиште)