петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Посебен сообраќаен режим на ул. „Македонија“ во Скопје поради снимање филм

Посебен сообраќаен режим на ул. „Македонија“ во Скопје поради снимање филм

Поради снимање филм, на улица „Македонија“ пред хотелот Бристол вечер од 20:00 часот до шест часот утре Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот.