петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Прекинато водоснабдување за корисниците во населба Ченто

Прекинато водоснабдување за корисниците во населба Ченто

Корисниците од населба Ченто од 9 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради поправка на затворачи (шибери) од ф-200мм на ул.„Финска“ бб во населба Ченто.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување со работните активности.