Поради дефект на водоводна мрежа со пречник од 300 милиметри на плоштадот „Македонија“ до кафаната Пелистер прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „11 Октомври“ на потегот од портата „Македонија“ до плоштад „Македонија“, како и дел од улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до завршување на водоводниот дефект.