четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Реализирано предизборно ветување на Јакимовски уште пред да стане градоначалник на Карпош

Реализирано предизборно ветување на Јакимовски уште пред да стане градоначалник на Карпош

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска објави дека веќе е реализирано едно од неговите предизборни ветувања, а се уште не е официјално избран за градоначалник на
општината. Јакимовски се заблагодари на одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од  Трнодол и Жданец до Сити Мол, проект што беше најавен од кандидатот на ГРОМ уште пред две недели.

– Ја поздравувам одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол. Имајќи предвид дека тоа е мое изборно ветување од пред повеќе од десет дена. Посебно сум среќен што
практично веќе едно ветување кое сум го дал на граѓаните на општина Карпош веќе е исполнето, а се уште не сум градоначалник на општина Карпош. Во исто време сакам да ги потсетам дека го заборавија Средно
Нерези. Во мојот предлог покрај Трнодол и Жданец предлагам и Средно Нерези да биде вклучено во градскиот превоз до Сити Мол, рече Јакимовски.