среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Речиси половина од активните случаи се во Скопје: Алармантни бројки во Аеродром, Карпош, Центар

Речиси половина од активните случаи се во Скопје: Алармантни бројки во Аеродром, Карпош, Центар

Сериозно е влошена епидемиолошката состојба во земјава со коронавирус, а речиси половина од заболените се од главниот град.

Во Скопје во моментов активни се 2.983 случаи на коронавирус од вкупниот број кој изнесува 6.069 лица.

Активни случаи по општини Скопје, согласно вчерашните податоци од Министерството за здравство изнесува:

Чаир – 134, Гази Баба – 353, Аеродром – 592, Карпош – 479, Центар – 476, Кисела Вода – 332, Ѓорче Петров – 240, Бутел – 122, Шуто Оризари – 17, Студеничани – 6, Сарај – 23, Арачиново – 9, Илинден – 49, Сопиште – 25, Чучер Сандево – 11, Петровец –20, Зелениково – 9, Странец – 14, Нераспределен- 72.