Нивоата на сите реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат вредности под просекот за ноември. Некои покажуваат драстични намалувања, дури и до десет пати.
Според УХМР, најголем пад на водостоите бележат Вардар кај Јегуновце и кај Велес, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.
Под ноемврискиот просек се и двете најголеми езера, Охридското и Преспанското.