Подготвеност да се донесе посебен закон со кој ќе се урне проектот „Скопје 2014“ искажа синоќа скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Во настапот на телевизија Телма тој рече дека само личниот страв на министерката за култура попречува да почне уривањето на постаментот за споменик на Мајка Тереза.
-Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни смета да го отстраниме споменикот Мајка Тереза. Јас мислам дека е личен страв, затоа што има страв од носење на одлука, одлуката некој треба да ја потпише. Јас сум спремен да донесеме закон за рушење на „Скопје 2014“. Јас на крај на министерката и градоначалникот им реков дајте ми јас ќе го срушам. Не дека „Скопје 2014“ мене ми е каприц и не ми се допаѓа, туку тоа за мене нема никаква уметничка вредност. Тоа не е автентично Скопје – рече Шилегов во интервју.
Тој додаде дека македонското општество е сериозно поделено општество и тоа многу му пречи.