вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Шилегов ќе патува за 90.000 евра

Шилегов ќе патува за 90.000 евра

Наместо да ги решава проблемите и да почне да ги остварува ветувањата што ги даде пред граѓаните, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов продолжува со своите патувања.

 Во овие 5 месеци откако е на власт Шилегов беше да разменува искуства во Загреб, Љубљана, Тирана, да ја продлабочува соработката со градоначалникот во Атина, па дури и говореше на партиски митинг во Србија.

Сега Шилегов разменува искуства со градоначалникот на Париз.Патувањата нема да сопрат ни во иднина.

Ако се отвори електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, Град Скопје има распишано тендер во вредност од 6 милиони денари или 90 илјади евра за патувања, што значи во просек картата на едно патување чини 500 евра.

Ваквото однесување на Шилегов не е во ред и со свој став се јави и поранешниот претседавач на советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Тој направи паралела дека и поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски исто така беше во Париз на размена на искуства само што тогаш патувањата ги платија жителите на Центар. Тој прашува во овој случај кој ги плаќа овие патувања.

Дека и граѓаните не се задоволни од ваквите излети на Шилегов покажува и разговорот на социјалните мрежи помеѓу шефот на кабинетот на Шилегов, Никола Наумовски со изреволтирани граѓани. Од преписката може да се види дрското и арогантното однесување на Наумовски. Додека ја бараа довербата на граѓаните постојано велеа дека приоритетите ќе бидат поставувани од граѓаните но сега откако седнаа во фотељите и се закитија со функции приказната е друга.

На овој разговор во одбрана на Шилегов и Наумовски се приклучува и директорот на ЈП „Улица и патишта“, назначен од Шилегов, Сенад Сенко Смаилович каде постира слики и се фали дека работи. Од она што може да се забележи е дека една од сликите е одбележување на местата предвидени за такси возила што е редовна обврска на претпријатието. Но во овој случај во недостиг на проекти и тоа е успех за администрацијата на Шилегов.

Петре Шилегов е на власт 5 месеци. Во овие 5 месеци освен што стопира се што можеше да се стопира, почна да урива и споменици на македонските револуционерни херои.

Во неговата програма ветуваше многу, трамваи, нови мостови, тунели, нови асфалтирани улици и патишта, ревитализација на езерото Треска и ред други работи. Досега не почна ништо да реализира од ова освен што се пофали во неколку наврати дека го исчистил градот и дека го намалил загадувањето што е голем апсурд.

Граѓаните веќе неколку пати му порачуваат на Шилегов наместо да шета низ Европа да се зафати со работа и да почне да им ги решава нивните проблеми.